
Во Словенија во последните 24 часа потврдени се шест нови случаи на зараза со коронавирусот, откако претходните два дена не беше регистриран ниеден нов случај, објави во вторникот словенчката влада на Twitter.
Како последица од респираторната болест Covid-19 којашто ја предизвикува новиот коронавирус, па бројката починати од почетокот на епидемијата е зголемена на 98, се додава во соопштението.
Четири од шесте нови случаи на зараза во изминатото деноноќие се откриени во дом за стари и немоќни лица во Љутомер, каде претходните два дена не биле вршени тестирања. Во Словенија до денеска се изведен вкупно 57.474 тестирања на коронавирусот со потврдени 1.445 случаи на заразата.
Во моментов во словенечките болници од Covid-19 се лекуваат 56 пациенти, што е за два помалку потколку во понеделникот. На одделите за интензинва нега, пак, се згрижени 17 потешко заболени, што е за три помалку од ден претходно.
Благодарејќи на стивнувањето на епидемијата од понеделникот економските активности се поактивни па со посебни мерки на епидемиолошка заштита може да работат локалите на отворено, а повторно се отворени и некои услужни дејности, како фризерите, козметичарите и салоните за масажа. Меѓутоа, многу големи штети поради сѐ уште важечките ограничувања во врска со епидемијата трпи трговскиот сектор.
Како што во вторникот на владината прес-конференција предупреди претставничката за Стопанската комора за трговски дејности Маруча Лах, процените се дека целиот сектор на трговијата во Словенија поради коронакризата наместо вообичаените и очекувани 32 милијарди евра, годинава ќе оствари за 6 до 7 милијарди евра помали приходи.
Процените укажуваат дека прометот во дуќаните со животни продукти, кои во времето на епидемијата работеа ограничено, во последните два месеца бил за 15 отсто помал од вообичаениот. Уште поголем е падот во дуќаните со техничка стока, кој сочинува речиси половина од вкупниот финансиски резултат во трговската дејност, предупреди Лах.
Таа ја повика владата што поскоро да дозволи и отворање на големите трговски центри, како што тоа на почетокот од мај го направи соседна Австрија, како и да ги намали некои од ограничувањата, на пример она за потребата од физичко растојание од 2 метра меѓу муштериите во дуќаните, бидејќи сега во Австрина таа дистанца е намалена на само метар.