По Минхен, Блинкен патува за Турција па за Грција

Шефит на американската дипломатијата Ентони Блинкен в недела ќе отпатува за Турција, којашто, како и соседна Сирија, беше погодена од катастрофален земјотрес, за да се запознае со хуманитарните напори за помош на настраданото население, соопшти во средата Стејт департментот.

Блинкен прво ќе пристигне во воздухопловната база Инџирлик во југоисточна Турција којашто ја користи НАТО, каде дел од хуманитарната помош се испраќа до населението во областите погодени од разорниот земјотрес на 6-ти февруари, а потоа ќе разговара со турските власти во Анкара во недела и во понеделник, се наедува во објавата. Посетата на Блинкен на Турција беше планирана пред земјотресот на 6-ти февруари.

Блинкен ќе ја започне својата европска турнеја во четврток во Германија, а во петок и сабота ќе учествува на годинешната Безбедносна конференција во Минхен во сојузната германска покраина Баварија, која главно ќе биде посветена на поддршката на Украина во војната против Русија, како и на зголемените тензии меѓу САД и уште една велесила – Кина.

Блинкен ќе ја заврши турнејата во Атина во понеделник и вторник, во заднината на обвинувањата дека САД ја заземаат грчката страна во конфронтации со Турција последните години по низа прашања што ја доведува во прашање регионалната стабилност од аспект што и двете соседни земји се членки на НАТО.

САД испратија околу 200 лица за пребарување и спасување во Турција и ја деблокираа првата транша од хуманитарна помош од 85 милиони долари и испратија хеликоптери „Black Hawk“ и „Chinook“ за транспорт на опрема.

Помошта за Сирија оди преку локални партнери, бидејќи САД отфрлаат каков и да е контакт со сирискиот претседател Башар ал-Асад во чиј обид за соборување со поддршка на сунитскиот бунт пролетта 2011 година Вашингтон имаше клучна улога.

Во Минхен американската делегација ќе пристигне во силен состав, бидејќи покрај генералниот секретар ќе пристигнат и потпретседателката Камала Харис и министерот за одбрана Лојд Остин. Традиционалната безбедносна конференција во Минхен ќе се одржи само неколку дена пред првата годишнина од почетокот на руската инвазија во Украина на 24-ти февруари. Американскиот претседател Џо Бајден тогп ремено ќе престојува во Полска од 20-ти до 22-ри февруари.

Заладените односи меѓу САД и Кина дополнително ги влоши прелетот на кинески балон над американскиот воздушен простор, а балоните би можеле да заземат добар дел од разговорот во Минхен, каде што пристигнува и високиот кинески дипломат Ванг Ји. САД се надеват на негов можна средба со Блинкен, откако државниот секретар во врска со наводниот шпионски балон ја откажа посетата на Пекинг минатата седмица, што ќе беше првата таква по 18 години.