По три години, Јанкуловска излезе на викенд од „Идризово“

Со измена на правилникот, жените затворенички од „Идризово“ почнаа со користење право на викенд отсуство.

Директорот Зоран Јовановски за Макфакс“ посочи дека привилегиите ги користат по потреба. Меѓу нив е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која речиси три години е зад решетки, без да може да излезе за да го види својот син и да помине кратко време со семејството.

Јовановски посочи дека добил пет барања за користење на овие привилегии.