Побарувачката на нафта оваа година ќе порасне повеќе од очекуваното

Глобалната побарувачка на нафта оваа година ќе порасне повеќе од очекуваното, се наведува во најновата прогноза на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА).

Агенцијата додава дека потрошувачката на нафта значително е зголемена на крајот на 2013-та година, благодарение на закрепнувањето на развиените економии, пред се’ САД.

Но, како што наведува ИЕА, темпото на раст на побарувачка на нафта во Кина забавува во втората половина на минатата година.

Укажувајќи на големите предизвици, и покрај стабилните цени, присутни се на пазарот на нафта, ИЕА наведува дека земјите во развој сега го предводат трендот на раст на побарувачката на нафта.

Во 34 земји членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и прв пат од 2010-та година, „побарувачката на нафта минатата година се врати на патеките на раст“, на што, според оценките, влијае економското закрепнување во развиените земји.