![lusi hamilton vo bolid](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/lusi-hamilton-vo-bolid.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Актуелниот светски првак во шампионатот на Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на „Мерцедес“ е победник на трката за Големата награда на Шпанија, која во неделата се возеше на патеката „Каталуња“ крај Барселона.
Во петтата трка од почетокот на сезонава до својата трета победа и дури 76-та во кариерата, Луис Хамилтон стаса на доминантен начин пред клупскиот колега Финецот Валтери Ботас и Холанѓанецот Макс Верстапен од „Ред Бул“. Двајцата возачи на „Ферари“ завршија на четвртото и петтото место, односно Германецот Себастијан Фетел пред Шарл Леклер од Монако.
Во генералниот пласман за возачи води Хамилтон со 112 бодови, Ботас е втор со 105 а трет е Верстапен со 66 бодови. Во пласманот на конструкторите води „Мерцедес“ со 217, пред „Ферари“ со 121 и „Ред Бул“ со 87 бодови.
По две седмици ќе се вози трката за Големата награда на Монако.