Победа на Клиперс над Хјустон, Харден само 16 коша

Кошаркарите на Лос Анџелес Клипер ноќта кон петокот ја впишаа шестата победа во низа, совладувајќи на гости Хјустон Рокест, чиј најдобар играч имаше само просечна вечер со 16 поени, а изминатата вечер на паркетите се врати по половина година по повредата Стеф Кари

Каваи Леонард беше најдобар стрелец на Клипер со 25 поени, а Монтрези Харел впиша „дабл-дабл“ со 19 коша и 10 скокови. Кај Хјустон најдобар беше Расел Вестрбук со 29 коша и 15 скокови, додека Џејмс Харден додаде само 16 поени.

Торонто Рапторс со 121:113 ги совладаа Голден Стејт Вориорс за коишто првпат по октомври кога ја скрши раката заигра Стефен Кари.

Рапторс ги предводеше Норман Пауел со 37 коша. Кајл Лаури додаде 26 коша со 10 асистенции, Серж Ибака постигна 13 коша и исто толку скокови, Паскал Сикам додаде 17 поени и пет успешни додавања и скокови.

Кари одигра 27 минута и постигна 23 коша за Голден Стејт, по седум скокови и асистенции, но со само 6 погодоци од 16 обиди од игра. Покрај Кари во тимот од Сан Франциско се издвојуваат Демиан Ли со 23 поени, Ендру Вигинс со 21 и Маркиз Крис со „дабл-дабл“ од 17 поени и 12 скокови.

Во другите два натрпевара кои синоќа се играни Денвер Нагетс со 114:112 ги совладаа домашните Шарлот Хорнетс, а победата им ја осигури Џамал Мареј кој постигка кош шест секунди пред крајот. Филаделдија 76ерс, со 126 беа подобри од Сакраменто Кингс.