Фудбалерите на Ница и на Ренс забелажаа победи во нивните дуели од второто коло на француското првенство, а Ница засега е единствената екипа со максимални две победи.
Ница на гости со 2:0 го совлада Стразбур, а двата погодока ги постигна Данецот Каспер Долберг во 38 минута од пенал и во 60 минута.
Рен во интересен натпревар на домашен терен беше подобар од Монпелје со 2:1. Домашните поведоа во 22 минута со автоголот на Дамиен Ле Тајек, а минималнате предност до крајот на првото полувреме се претвори и во бројна во полето, откако гостинскиот играч Флорен Моје беше исклучен во 43 минута.
Силите на теренот беа израмнети откако во 73 минута „поцрвене“ во домашниот тим Мартен Терие, но сепак по само четири минути Рен го удвои водството со погодокот на Едуардо Камавењ. Монпелје до крајот успеа само да намали во првата минута од судиското продолжение преку Гаетан Лаборд.
Во петокот Лион со 4:1 на домашен терен го декласираше Дижон.
Во недела се играат натправарите Рем – Лил, Сен-Ертен – Лориент, Мец – Монако, Анжер – Бордо, Нант – Нимс и Брест – Марсеј, а мечот од ова коло бранителот на титулата ПСЖ ќе го одигра на гости кај Ленс на 10-ти септември.