Во 31-то коло од италијанското фидбалско првенство, победи забележаа Рома и Аталанта, Наполи ја поттурна Џенова кон Серија Б, а Торино со домашна победа побегна од дното на табелата.
Фудбалерите на Наполи во првиот меч во средата во рамките на 31-то коло од италијанското првенство со 2:1 го совладаа тимот на Џенова кој останува на позициите од кои може да се пресели во понизок ранг.
За Наполи настапи македонскиот репрезентативец Ељиф Елмаз кој постигна и погодок во раниот дел од мечот, но беше поништен по прегледување на снимката, а имаше и шанса но неговиот удар го одбрани домашниот голман Мерет. На спротивната страна неговиот капитен во селекцијата Горан Пандев влезе во игра во 71 минута, но не успеаеа да донесе израмнување.
Наполи поведе со голот на Дрис Мартенс во првата минута од судуското продолжение на првото полувреме. Џенова многу брзо по почетокот на вториот дел во 50 минута израмни со удар со глава преку Едоардо Голданига, а во 67 минута Хирвинг Лозано повторно во водство ги донесе гостите, што се покажа и како конечен резултат.
Наполи е на шестата позиција со 51 бод, бод повеќе од седмиот Милан. Џенова, пак, се наоѓа на 18-то место со 27 бодови, еден помалку од Лече кој е на позицијата која обезбедува опстанок во Серија А.
Фиорентина и Калјари одиграа без голови. Фиорентина е 13-та со 35 бодови, а Калјари моментално е 11-ти со 40 бодови.
Во вечерните мечеви Аталанта со многу маки лавеше во Бергамо против Сампдорија со 2:0 и моментално се проби пред Интер на третото место кое води во Лигата на шампионите. Стрелци беа Рафаел Толои во 76 и Луис Муриел во 86 минута.
Аталанта сега има 66 бодови и е на третото место, пред Интер кој има два бода помалку и меч кој ќе го одигра во четврток кај Верона. Сампдорија остана на 32 бода, на 16-то место пет бода повеќе од Џенова, првата позиција која води во понизок ранг.
Рома на својот „Олимпико“ со пресврт ја совлада Парма. Гостите поведоа во 10 минута од пенал ког го реализираше Јурај Куцка. „Волчицата“ израмни во 44 минута со голот на Хенрик Миктаријан а во 58 минута победничкиот погодок го постигна Џордан Вететут.
Рома со победата се проби на петтото место со ист број бодови, како и Наполи, а сега Милан и покрај сензационалната победа во вторникот над Милан падна на седмото место.
Торино, исто така, со пресврт на свој терен славеше со 3:1 над Бреша. Гостите во водство ги доведе во 22 минута Ернесто Торегроса. Во вториот дел веќе во 49 минута Торино израмни со автоголот на Алес Матеју, а потоа стрелци беа и Андреа Нелоти во 59 и Симоне Заза во 87 минута.
Торино кон крајот на сезоната со големи осцијалции во формата успеа да собере 34 бодови и привремено да се оддалечи од опасната зона на 14-то место. Бреша остана претпоследна 19-та со 21 бод.
Сасуоло со гостинската победа кај Болоња ги продолжи успешните резултати сезонава. Головите за гостите ги постигнаа Доменико Берарди во 42 минута и Лукас Хараслин во 57 минута,а домашните намалија во 90 минута преку Муса Бароув.
Сасуоло привремено се проби на 8-то место со 43 бодови, а Болоња остана 10-та со 41 бод.
Во четврток се играат дуелите СПАЛ – Удинезе и Верона – Интер.