Почина 14 годишно девојче од струшко Лабуништа

Почина 14 годишно девојче од струшко Лабуништа. Утринава околу 6 часот во тешка здравствена состојба со отежнато дишење повраќање и покачена температура била донесена во општата болница во Струга од страна на незјиниот татко. И покрај тоа, според првичната слика, немала симптоми нa коронавирус, сепак и бил земен брис.

14 годишното девојче починало на пат кон Ургентниот центар во Скопје.

Инаку по барање на надлежен Јавен обвинител, ќе биде извршена обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта на младото девојче.