
Во моментов педесеттиот најдобар стрелец во историјата на американската професионална кошаркарска лига НБА и добитник на признанието за најдобриот шести играч во 1993 година, Клиф Робинсон, починал на 53-годишна возраст, објави во саботата Универзитетот Конектикат каде што учел и започнал да игра.
Причината за смртта не е објавена, но медиумите потсетуваат дека Робинсон пред речиси две и пол години доживеал мозочен удар.
Робинсон мина дури 19 години во НБА лигата, а најмогу остана запаметен по настапите за Портланд Трејл Блејзерс за кои играше од 1989 до 1997 година. Со овој тим двапати стаса до финалето на сезоната во кои беше поразуван од Детроит Пистон во 1990-та и од Чикаго Булс во 1992 година.
Како играч на Портланд, Робинсон стана и најдобриот шести играч во лигата во 1993-та, а беше избран за настап на „Ол стар“ натпреварот следната 1994 година. Во 2000 и 2002 година беше избиран во најдобрите дефанзивни постави во лигата.
По Трејл Блејзерс, Робинсон настапуваше за Феникс Санс од 1997 до 2001, за Детроит Пистонс од 2001 до 2003, за Голден Стејт Вориорс од 2003 до 2005 и за тогашните Њу Џерси Нетс од 2005 до 2007 година.
Неговата серија од 461 поледователен натпревар одигран за Портланд Трејл Блејзерс сѐ уште е рекордна за франшизата. Робинсон никогаш не само што никогаш не пропуштил меч од доигрувањата во сезоноте во Портланд, одигрувајќи ги сите 82 натпревара во своите први пет сезони во НБА, туку никогаш не одиграл помалку од 75 натпревари во сезоната во целата своја кариера. Одиграл 1.380 меча во лигата, сето време рангирајќи се меѓу првите 15 стрелци во сезоната.
Робинсон веќе како бруцош имаше просек од 5,6 поени по натпревар, но пред да стане избор на Блејзерс во втората рунда како сениор во универзитетската лига веќе достигна завиден просек од 20 коша по натпревар, кои и го препорачаа во НБА лигата. Во најсилната кошаркарска лига на светот овој крилен центар висок 208 сантиметри кариерата ја заврши со 19.591 кош, или 14,6 по натпревар, 6.306 скокови – 4,6 по мечи, и со 3.094 асистенции или 2,2 по меч, 1.402 пресечени напади и 1.390 блокади.