Почина првото момче на Џенифер Лопез

Првата љубов на пејачката и актерка, почина на само 51-годишна возраст, јавуваат американските медиуми.

Дејвид Круз кој љубовта со Џенифер Лопез ја започнал уште додека оделе во средно училиште и имале 15 години, почина во Њујорк после болест на срцето, пишува TMZ.

 

 

Овој портал додава дека неговата долгогодишна партнерка Иса од него се збогувала со зборовите:

„Беше нежен и полн со љубов“.

https://www.instagram.com/p/B-GuIywJbjT/?utm_source=ig_embed

Таа истакна дека Круз бил и посветен татко и дека ѝ помагал во одгледување на нејзиниот син од претходната врска.

„Секогаш се трудеше се да заврши со зборовите – те сакам“, истакна таа.

Дејвид врската со Џенифер Лопез ја започнал во 1984 година, а нивната среќа траела 10 години, но пејачката дури и години после нивното раскинување зборуваше најубави работи за него. Во едно нејзино интервју од 2004 година, таа го нарече Круз свој пријател и откри:

„Тој веројатно ме познава подобро од било кој“.