Почна ликовната колонија „Арт варијации- Стари поток 2020“ во Кочани

Денеска почна ликовната колонија „Арт варијации – Стари поток 2020“ во организација на Здружението за култура, општествени дејности и наука „Стари поток“ од Кочани.

Колонијата ќе трае до 28 септември во видоизменети услови поради пнадемијата на коронавирусот.

Во четврто издание на колонијата, која во суштина е меѓународна, но поради ограничувачките услови годинава творат само ликовни уметници од нашата земја на слободна тема, според свој избор, без да бидат заедно.

„Иако колонијата досега имаше меѓународен карактер, со редовно учество на уметници од Србија и Бугарија, годинава ќе творат ликовни уметници само од Македонија. Од Кочани, тука се Елизабета Зафирова Стојанова, Наде Ѕ’мбова Донева и Марија Дончева, од Куманово ќе бидат Мики Трендафиловски, Трајан Трајковски и Александар Стефановски. Од Зрновци ни доаѓаат наставничката по ликовно образование, Слаѓана Гаврилова, Нина Савева и Марио Дејанов, додека Виница ќе ја претставува Благица Стојановска, рече денеска на прес-конференцијата Љупка Стојменова, претседател на здружението „Стари поток“.

За 28-септември е планирана изложба на отворено, каде уметничките дела ќе бидат презентирани пред кочанската јавност.

Ликовната колонија „Арт варијации“ претставува проект што го финансира Министерството за култура.