Почина Сондра Лок, актерката од филмовите на Клинт Иствуд

Актерката и режисер, Сондра Лок, почина на 74 годишна возраст. Според информациите, актерката починала на трети ноември и иако нејзината смрт била веднаш пренесена на властите, веста е објавена пред само два дена. Никој не знае зошто смртта е криена повеќе од месец.

Лок починала во својот дом во Лос Анџелес, од срцев удар стимулиран од канцер на градите и коските.

Сондра Лок и Клинт Иствуд

Таа својата кариера ја започнала како водител на радио во Тенеси, каде и пораснала. Во 1967 година ја добила својата прва улога во филмот „Срцето е осамен ловец“ по истоимениот роман од 1940 година на американецот Карсон МекКулер.

Светот ќе ја памети како „девојката на Клинт Иствуд“ и по улогите во шест негови филмови, од крајот на седумдесетите и почетокот на осумдесетите години, меѓу кои се „Одметникот Џози Велс“и „Ненадеен удар“.

Сондра и Иствуд биле во врска 13 години, а во 1967 година се омажила за актерот Гордон Андерсон.

Според посмртницата тие двајца сеуште биле во брак кога починала и Андерсон бил тој што пријавил за нејзината смрт.