Подготвени сме да ги подржиме реформите кои се важни за европската агенда зашто ни е важно Македонија да успее

Подготвени сме да ги подржиме реформите кои се важни за европската агенда, затоа што ни е важно Македонија да успее рече меѓу другото во петокот вечерта во емисијата „Отворено студио“ на телевизија Алфа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски отфрлајќи ги обвинувањата од власта за наводната неконструктивност на опозицијата.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено со власта да седне на маса и да разговара за сите реформи кои неопходни за ЕУ агендата, за Македонија да напредува во ЕУ агендата и да добие датум за преговори без разлика дали на чело на владата е тој или Зоран Заев.

„Повторно сега опозицијата им е виновна. Еве веднаш да ја разбиеме и таа тема. Подготвени сме како опозиција, заедно со Владата да седнеме на маса, да разговараме за сите реформи коишто се неопходни во ЕУ агендата, да Македонија натаму напредува, да добие датум на преговори. Не е битно дали владата ќе ја води Заев, дали ќе ја води Мицкоски или некој трет, битно е Македонија да успее“, рече Мицкоски.

Порача дека неговата ВМРО-ДПМНЕ ќе ги стави на располагање сите свои капацитети во рамките на тие преговори со Владата, да го забрза процесот за да може на крајот на денот Македонија да успее.

„На граѓаните тоа им е важно, не им е важна суетата на Заев дали била голема, па сеа не бил способен тоа да го направи па сега ќе играме игра на обвинувања или пронајди го виновникот. Па Мицкоски бил виновен или опозицијата. Еве да ја тргнеме таа димна завеса им стоиме на располагање за се што е неопходно, а е поврзано со реформите со ЕУ агендата“, рече Мицкоски.