Овој ликер со заводлив вкусот многу лесно се подготвува, но ќе треба да почекате малку подолго за да го пробате.
Состојки:
1 литар рум
4литри бело вино
700 гр шеќер
12 портокали
2 лимони
2 ванила стапчиња
Подготовка:
- Портокалите и лимоните, добро се мијат и се сечат.
- Во голем сад ставете го виното, шеќерот и румот. Промешајте додека не се стопи шеќерот. Додадете ги портокалите и стапчињата ванила и добро промешајте. Затворете го садот и чувајте на ладно и темно место.
- Секои седум дена промешајте го ликерот.
- Оставете го да отстои 40 дена. Потоа, процедете го и прелејте го во шишиња, и оставете го на ладно место уште неколку месеци.