За ручек денеска подгответе нешто ново и едноставно. Вкусната, свежа салата од варено пилешко, ореви и портокал е идеален избор.
За подготовка на оваа салата ви се потребни 1 шолја сирови ореви, 4 филети пилешко (бело месо без коски), 1 целер, 1/2 лажица оцет, 2 лажици ончогледово масло, 1 лажица сенф, 3 лажици мајонез, 1 лажица чили сос, 2 лажици сок од портокал, 1/2 лажица шеќер и 1 портокал.
Начин на подготовка:
Исечете го пилешкото на коцки и сварете го. Измешајте го со целерот и оревите и оставете го да се олади.
За преливот, измешајте го сокот од портокал, маслото, шеќерот, оцетот, сенфот, лутиот сос, солта и мајонезот. Измешајте ги со пилешкото, додадете коцкички исечен портокал и послужете.