Еден египетски полицаец загина а друг е повреден додека се обидувале да деминираат експлозивна направа поставена во црква во главниот град Каиро, пренесуваат локалните медиуми, а обвинителството објави дека отворило истрага за инцидентот.
„Еден полицаец го загуби животот а уште еден е повреден при деминирање на екслозивна направа во црква во Каиро“, се наведува во соопштението на египетската полиција ноќта кон неделата.
Според првичните сознанија, експлозивната направа била откриена во торба оставена во црквата во квартот Мадинат Наср, кога полицајција вршеле проверка пред вечерната богослужба. Експлозијата се случила кога полицајците ја проверувале торбата, пишуваат локалните медиуми. Во моментов областа околу црквата е целосно блокирана.
Покрај тоа, како што пишува информативниот портал на коптската заедници Ал-Акбат ал-Мутахидун, првиот од „неколкуте сомнителни предмети“ го нашол имамот на џамијата којашто е во непосредна близина на црквата. Тој ги алармирал полицајците кои биле распоредени на обезбедување на црквата.
Спроти џамијата полицијаците нашле три експлозивни направи. При обидот да го онеспособи осигурувачот на една од нив дошло до експлозија, во која загинал полициски мајор специјалист за експлозивни направи. Уште три лица, од кои двајца полицајци биле ранети, пишува порталот.
Експлозијата во црквата во египетската престолнина се сличи во предвечерието на христијанскиот празник Божик, кој егепетските коптски христијани го прославуваат на 7-ми јануари.
Во пресрет на празниците египетските безбедносни сили значително ги зголемија безбедносните мерки во областите каде има цркви и манастири, особено по двојниот самоубиствен бомбашки напад во 2017 година во кој на Цветници беа убиени 45 луѓе во двата града северно од престолнината Каиро, Танта и Александрија, за коишто одговорноста ја презема џихадистичката организација Исламска држава.
Коптската православна црква е една од најстарите христијански цркви во светот. Според преданието, таа е основана од страна на Апостол Марко кој се смета за нејзиниот прв патријарх. Во моментов, Коптите се најбројната христијанска конфесија на Блискиот исток, а огромното мнозинство од нив живеат во Египет. Во моментов, според официјалните податоци, бројот на Коптите во Египет изнесува околу 10 милиони. Коптите, пак, тврдат дека во земјата има речиси 17 милиони христијани, или околу 20 отсто од вкупно 85 милионското население Египет.