Полицијата во Арачиново ја бара марихуаната од Јосифово?

Во скопско Арачиново вечерва се спроведува полициска акција, за којашто сѐ уште нема повеќе информации и детали.

Неофицијално, причина за акцијата е заплена на погопема количина на марихуана, а полициски извори укажуваат дека всушност станува збор за дел од украдените два тони марихуана од склад во Јосифово, што се случи во саботата.

Во филмскиот грабеж, при што крадците биле со фантомки и вооружени, се шпекулира дека учествувале двајца браќа од скопско Синѓелиќ.

Јавноста често е сведок на моменти кога ќе треба да се прикаже неуспех на некоја владина политика, тоа да се стави вешто во сенка со некое спектакуларно „изместување“ што би го свртело вниманието на граѓаните.

Вечерашната акција несомнено изгледа како нешто што би требало да го затскрие утрешното вето за евроинтеграциите на Македонија.