Припадник на Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи добил заканувачка писмена порака и куршум, соопшти во саботата министерството.
На 20.05.2017 година во 00,10 часот во Полициската станица од ОН Струга, вработен во Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Имено, претходниот дена во периодот од 21 до 23 часот пред неговата семејна куќа, од страна на непознато лице на автомобилот „БМВ“, сопственост на неговата мајка, било оставено ливче со заканувачка порака и еден куршум калибар 9 .
Исто така, на 7 мај на неговото возило пронашол лист со заканувачка порака, но тој настан го пријавил само на неговото работно место.