
Консултациите ги предводеле политичкиот директор во грчкото Министерство за надворешни работи, амбасадорот Петру Мавроиди и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Елена Кузмановска.
Како што соопшти грчкото МНР, за време на средбата, двете страни размениле мислења и за состојбите во регионот и го разгледале напредокот забележан во спроведувањето на мерките за градење доверба.
Консултациите се одржале во пријателска и конструктивна атмосфера и било договорено следната рунда разговори да се одржи во Скопје, кон крајот на годинава.