Половина Штип на „плус 40“ без вода повеќе од 24 часа а вината се префрла на граѓаните, обвини Ефтимов

Се чини се остварија заканите од директорот на штипското јавно претпријатие „Исар“, па на 40 Целзиусови степени половина град остана без вода повеќе од 24 часа, информираше во понеделникот Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Врв на неспособноста е што од страна на локалното раководство, граѓаните се обвинети дека дефектот настанал наводно поради големата потрошувачка на вода. -Како првпат на вакви огромни горештини да се троши вода“, реагираш Ефтимов.

Порача дека наместо директорот да троши енергија на пишување статуси со закани за рестрикции на вода, редно време е да се позанимава со зајакнување и подобрување на водоводната мрежа во градот.

„Наместо директорот да објавува видеа на социјалните мрежи и да се оправдува на настанатите дефекти, редно време е ЈП Исар да обезбеди квалитетна услуга. Наместо СДСМ во изминативе четири години да ги реализираа сите ветени проекти, поврзани со водоснабдување на градот, за сметка на садењето на цвеќиња, тие ги оставија штипјани жедни, поради бројните исклучувања на водат од нивните чешми“, Ефтимов.

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ притоа констатираше дека е очигледно е дека со споменатото јавно претпријатие владее неспособност на менаџерско ниво,

Ефтимов притоа побаа оставка од сите надлежни локални функционери, бидејќи на високи температураи и во пандемиски услови ги оставиле граѓаните на Штип без услови за одржување на личната хигиена.