Полска: 19 починати во избувнување на легионелоза

Големо избувнување на легионелоза во полскиот град Жешов и околната област предизвика 19 смртни случаи, потврдија во саботата локалните здравствени власти.

Сите починати боледувале и од други болести, изјавија од здравствениот оддел во овој град на југоистокот од Полска. Бројот на лицата заразени со оваа бактерија се искачил на 160, од кои 107 се од самиот град Жешов.

Градот со околу 196.000 жители се наоѓа на 250 километри јужно од Варшава, кон границата со Украина и е најголемиот во регионот.

Легионелозата може да предизвика симптоми слични на грипот, но и потешко воспаление на белите дробови кај луѓето. Патогените често се пренесуваат преку атомизирана вода, на пример во тушевите, надворешни базени, навлажувачите на воздух или преку славините за вода. Бактеријата може да се одржува во мал количества речиси насекаде во вода, а идеални услови за нејзин раст се температурите меѓу 25 и 45 Целзиусови степени.

Луѓето со ослабен имуносен систем или со постојни болести, како дијабетес или болести на срцето и белите дробови, особено се чувствителни. Пушачите и постарите луца, исто така, имаа поголем ризик од зараза. Легионелозата може да биде фатална кај околу пет до десет отсто од пациентите.