Полска и Унгарија го забранија увозот на украинските житарки и храна

Полски Унгарија ги забранија увозот на житарки и друга храна од соседна Украина со цел да го заштитат сопствениот земјоделски сектор, соопштија двете влади во саботата, откако големите залихи ги соборија цените ширум регионот.

Официјален Киев изрази жалење поради таквата одлука на Варшава, велејќи дека „решавањето на различните проблеми со драстични унилатерално дејствување нема да го забрза позитивното решавање на ситуацијата“.

Откако руската инвазија блокираше некои црноморски пристаништа, големи количества украински житарки, кои се поевтини од оние произведени во Европската унија, завршиле во централноевропските и другите соседни на Украина земји поради логистички недостатоци, создавајќи влијание врз цените и пласманите на локалните земјоделци.

Во писмото до Европската комисија од минатиот месец, премиерите на петте источноевропски земји порачаа дека размерите на зголемувањето на производите како што се житарките, маслодајните растенија, јајцата, живината и шеќер се „без преседан“ и предложија да бидат разгледани тарифите на увозот на украинските земјоделски производи.

„Владата денеска се реши за регулација којашто го забранува увозот од житарките во Полска и повеќе десетина други видови храна“, изјави во текот на партиската конвенција челникот на владејачката полска партија Правда и право (ПиС), Јарослав Качински

„И натаму сме и остануваме пријатели и сојузници на Украина, Ги поддржуваме и поткрепуваме… Но должноста на секоја држава, на секоја власт, добра власта во секој случај, да ги штити интересите на своите граѓани“, додаде.

Украинското Министерство за земјоделски политики и храна соопшти дека полската забрана е во спротивност со постојните билатерални договори за извозот и ја повика Варшава на разговори за да се надмине овој проблем.

„Сфаќаме де полските земјоделци се во тешка ситуација, но истакнуваме дека украинските земјоделци моментално се во најтешка ситуација“, соопштија од Киев.

Подоцна во саботата, владата на Унгарија ѝ се придружи на полската забрана, соопштувајќи дека статус-квото ви предизвикало тешка штета за локалните земјоделци.

Унгарската влада објави дека се надева на промени во регулацијата на ниво на целата ЕУ, вклучително и повторно да се разгледаат царините на украинските производи кои не се укинати.