Се очекува дека подоцна во четвртокот илјадници приврзаници на крајната десница ќе маршираат низ полската престолнина Варшава по повод одбележувањето на Денот на независноста, и покрај забраната од судовите.
Организаторите на оваа поворка, Здружението на воените ветерани и жртвите на репресијата, тврдат дека маршот ќе се одржи во чест на униформираните офицери кои служат како „чувари на границит“ и дека со тоа сакаат да ја истакнат важноста од заштитата на полската сувереност против натрапниците кога земјата се соочува со напливот мигранти на својата граница со Белорусија но и кога е казнета од Европската комисија поради неприфаќањето на надреденоста на правото на Европската унија над правото на Полска.
Градските власти на Варшава ја оспорија регистрацијата на маршот на судот, прво на редовниот а потоа и на апелацискиот суд, но ветераните соопштија дека му дале официјален статус за да може да се одржи, додавајќи дека „не можат да ја разбират“ одлуката на градоначалникот на Варшава.
Во поворката се очекуваат да учествуваат и други партии од крајно десните парти од Европа.
Критичарите од левицата ја обвинуваат владејачката конзервативната партија Право и справедливост (PiS) дека со поддршка на овој собир „ја пеземаат одговроноста за сѐ што би можело да се случи во текот на маршот, за секој судир и секое намерно палење на имот“.
Исто така, ја обвинуваат PiS дека го подгрева противмигрантското расположение и хомофобија. Од PiS не сакаа да го коментираат одржувањето на маршот, со забелешка дека сите прашања во врска со тоа треба да се упатат на организаторите, односно здружението на ветераните.
Последните седмици во Полска ескалира кризата со околу 3.000 мигранти на границата со Белорусија, што се заканува со вовлекување на НАТО и на Русија.
Европската унија ја обвини Белоруисија дека наводно намерно ја предизвикува кризата на нејзината источна надворешна гранциа и дека со трупање на мигрантите на гранциите и наводно поттикнување да влезат во Полска изведува „хибриден напад“. Од Брисел најавуваат и нови санкции за Москва.
Белорусија од своја страна ги отфрла обвинувањата, и посочува дека се лажни обвинувањата дека од Блискиот исток ги префрла мигрантите на своја територија и ги упатува кон гранциите на балтичките членки на ЕУ, посочувајќи дека поради санкциите од Западот сите летови кон земјата се запрени, а под санкции е и нејзината воздухопловна компанија. Минск, исто така, обвинува дека е забележана активност на мафијашки структури од земји членки на ЕУ кои им го осигуруваат транспортот на бегалци на Блискиот исток во Белорусија ветувајќи им дека ќе ги префрлат во Полска или другите балтички членки на Унијата и дека за тоа им се плаќа скапо. Минск, исто така, тврди и дека меѓу тие организатори на транспортот на мигрантите нема Белоруси, само двајца Руси, а десетиците кои ги префрлаат луѓето се Германци и, во прв ред, Полјаци, како и Украинци и Литванци.