Помина пакетот економски мерки на Комисијата за финансирање

Без поголема расправа но со задоцнување од скоро два месеци на собраниската комисија за финансирање и буџет изгласани 4-те пакетот економски закони од 5 сет на мерки за справување со ковид кризата.

Законите поминаа со мали технички амандмански измени поради наведените дати на кои рокот им истекуваше. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак иако поднесе свои амандмани не беа прифетени поради веќе изготвениот буџет за конкретно определениот временски рок.

Со овие мерки финансиски ќе им се помогне на најзагрозените стопански гранки. Нивното  доцнење остави без плата илјадници граѓани, а голем број вработени беа испратени на принуден одмор.

Покрај предлог законите за финансиска помош за исплата на плати за месеците февруари и март, на комисијата помина и законот за помош на ранливите категории на граѓани. Овој предлог закон се однесува на 22 илјади граѓани кои лани поради кусите рокови не успеаа да си ги подигнат шесте илјади денари државна помош. Првичниот рок беше до 31 март, но со амандман беше продолжен до 31 мај.

Се очекува во најбрз можен рок да биде свикана и пленарната седница која како последен собраниски филтер ќе треба да ја поминат овие законски решенија.

Собранискиот спикер Џафери пак денеска веќе и имаше  вонредна координација со  пратеничките групи за да се дискутира за следните чекори и седници. Иако начелно веќе е постигната согласност за одблокирање на најголем дел од законите кои се во собраниска процедура, сепак службите брифираат дека има се уште закони кои се блокирани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Законот за администрација, за здравствена заштита, Законот за МВР и Законот за високо образование но и за овие закони опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе ги повлече најголем дел од амандманите.