Економските санкции коишто против Иран повторно ги воведоа САД истапувајќи од меѓународниот нуклеарен договор значат и дека американските производители на спортска опрема нема да можат официјално да ги опремуваат иранските играчи на Светското фудбалско првенство во Русија.
„Ние, како американска компанија, поради санкциите не можеме на играчите на Иран да им обезбедиме копачки“, соопштија од „Најк“ (Nike) во петокот.
Иран луто реагираше на оваа вест, а селекторот Карлос Квеироз изјави за локалните медиуми дека тоа претставува „навреда за Иран“ и дела ќе протестира пред ФИФА.
„Не смее да се случи забраната за играчите да се воведува непосредно пред првенството. Секој знае колку на играчот му е важно да игра во своите копачки“, изјави Квериоз.
Опремата за иранската фудбалска репрезентација ја осигурува германски „Адидас“ (Adidas), но некои играчи, како на пример Саман Годос, носат копачки „Најк“.
Иран во Групата Б игра со Мароко, Шпанија и Португалија.