Поради паниката во власта, Мицкоски предупредува на зголемена нерегуларност во вториот круг на локалните избори

Откако неуспешно велеа дека се најдобри, денеска велат дека ќе донесат прогрес. По пет години нивниот прогрес е прогрес на криминалот, корупцијата, прогрес на трошоците за живот, на скандалите и на неуспесите во сите полиња, прогрес на нивниот личен имот, изјави во вторникот на преск-конференциајта пред партиското седиште лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Изборите покажаа дека има сериозно антивладино расположение и незадоволство, а опозициските гласови и нивната заедничка цел е промена на власта и нова иднина за Македонија. Затоа повикувам на здружена опозиција, заеднички до цел за подобра иднина. Секое единствено не носи поблиску да ја победиме оваа власт“, рече Мицкоски по состанокот со челниците на партиите од коалицијата „Обнова на Македонија која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ е блиску да формира мнозинство во Советот на Град Скопје.

„Многу блиску сме да формираме мнозинство во советот на градот Скопје. Што се однесува до предвремени парламентарни избори, прво да победиме во вториот круг, а потоа ќе стане збор за ново парламентарно мнозинство“, изјави Мицкоски.