Поранешен холандски противисламски пратеник изненади и се преобрати во ислам

Поранешниот холандски пратеник, Јорам ван Клаверен, поранешен најблизок соработник на жестокиот противник на исламот Геерт Вилдерс, ја изненади јавноста со објавата дека ја земал исламската вера.

Јавноста го познава Јорам ван Клаверен како долгогодешн жесток противник на исламот во Холандија во долниот дом на тамошниот парламент како претставник на Слободарската партија (PVV), на крајниот десничар Геерт Видлерс. Оваа партија се залагаше за забрана на бурките и минарињата, тврдејќи дека не го сака исламот и се залага барем да го има што помалку во Холандија, потсетува во вторникот дневниот весник Algemeen Dagblad.

Додека ја пишувал книгата против исламот, 40-годишниот ван Клаверен го променил убедувањето правејќи го својот труд „побивање на приговорите кои не-муслиманите ги имаат кон оваа религија“, појаснува пратеникот во разговорот објавен во вторникот во весникот NRC.

„Доколку сето она што досега го напишав е вистина, а мислам дека е, тогаш сум јас дефакто муслиман“, изјави. Неговата книга со наслов „Отпадник: од христијанството до исламот во времето на секуларниот терор“ наскоро ќе биде објавена.

Поранешниот пратеник, кој растел и се образувал во строго христијанско опкружување, се доверува дека долго трага по своето верско убедување. Откако во понеделникот вечерта на државното радио објави дека од крајот на октомври минал во исламот, изјави дека тоа за него претставува враќање во (која и да е) вера.

Овој потег ги изненади и неговите пријатели и непријатели. Ван Калверен во 2014 година ја прекина соработката со Вилдерс и основаше сопствена антиисламска партија За Холандија (VNL), за по лошите резултати на парламентарните избори во 2017 година да се повлече од политиката.

Ван Клаверен не е првиот холандски десничарски политичар кој се преобрати во исламот, во 2013 година исламската вера ја прими Арнуд ван Доорн, поранешен општински советник на партијата PVV во Хаг.

Од околу 17 милиони холандски државјани, 5 отсто се муслимани, според податоците на Централното биро за статистика, а експертите сметаат дека нивниот број до 2050 година може двојно да се зголеми. Во Холандија од минатата 2018 година на јавните места е забрането носење на бурка и никаб, исламски прекривки за лице и глава на жените.