Пораз на Индија, Голден Стејт до лесна победа

Кошаркарите на Индијана Пејсерс доживеаја пораз од 115:120 на гостувањето ноќта кон саботата во Торонто, а актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс лесно со 133:112 го совладаа Орландо.

Најдобар играч кај Индијана Пејсер беше Виктор Оладипо со 36 кошови, 7 скокови и 6 асистенции, додека кај Торонто Репторс се истакна Демар Дерозен со 26 поени, скокови и две асистенции.

Голден Стејт Вориорс со леснотија беа подобри на гостувањето кај Орландо Меџикс, и притоа забележаа дури 42 асистенции, што е нивен рекорд сезонава. Клеј Томпсон даде 27 кошови, Кевин Дурант 25, а Стеф Кери 23 поени. Кај Орландо најдобар беше Арон Гордон со 29 кошови и 7 скокови.

Од преостанатите шест мечеви треба да се истакне ефектот на рукито на Јута Џес, Донован Мичел кој во домашната победа од 114:10у8 над Њу Орлеанс постигна дури 41 поен. Тоа е најдобар учинок на дебитант во лигата уште од 2011 година, кога Блејк Грифин за Лос Анџелес Клиперс постигна 47 кошови против Индијана.

Сакраменто победи во Чикаго 107:106, а во неизвесен финиш од линијата за слободни фрлања репи српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ кој постигна вкупно 19 поени, а поефикасен од него беше Зек Рендолф со 25 кошови.

Детрои Пистонс беше поразен во Вашингтон со 91:109.