Ѕанакопулос: Доколку соседите немаат волја и расположение, нема да има решение на спорот за името

Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопуло, во изјава за грчката телевизија Алфа, порача дека грчките позиции и предуслови се јасни, а соседната земја е таа што треба да покаже волја и расположение за договор, а во спротивно нема да има решение.

„Ние имаме кажано кои се предусловите за да се постигне решение. Оттука, доколку нашите соседи имаат расположение и волја да одиме напред, да се насочиме кон едно заемно прифатливо решение, ние сме отворени и го имаме покажано тоа, ако не, нема да има решение“, рече Димитрис Ѕанакопулос, одговарајќи на прашање за ставовите на македонскиот премиер во вчерашните интервјуа за Шпигел и Еуроњуз.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, токму за ставовите на Заев, пишува и весникот Катимерини. Освен што ги пренесува изјавите на премиерот во однос на Уставот, идентитетот и ерга омнес, новинарот вели дека овие позиции предизвикале незадоволство кај Атина.

„Низата изјави од власта во соседната земја ѝ пречеа на Атина, каде што, продолжува регуларно, планирањето за заминувањето на МНР Никос Коѕијас во Скопје, во следните денови“, пишува Катимерини.

Весникот го пренесува и ставот на грчки дипломатски извори, истото она што го објави Еуроњуз, заедно со интервјуто, а го пренесе МИА утрво вторникот дека „Атина се прашува која е намерата на јавните споменувања од Скопје на прашањата за коишто се преговара“