Посебен сообраќаен режим во Скопје до петок поради посетите на челниците на Словачка и Италија

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска и утре во официјална посета на Македонија ќе престојува претседателката на Словачка, Зузана Чапутова.

На 08.09.2022 (четврток) и 09.09.2022 (петок) во официјална посета на земјата ќе престојува претседателот на Италија, Серџо Матарела.

Од тие причини, соопштија од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.