Посмртните останки на Џеј преместени во друга гробница

Посмртните останки на Џеј Рамадановски се преместени од гробницата каде беше погребан во друго гробно место, но со согласност на семејството.

Причината за тоа е бидејќи гробницата во која почива Џеј мора да се реновира, па донесена е одлука вечниот дом на Џеј да биде веднаш зад починатиот Шабан Шаулиќ.

Ова го потврди и менаџерката на починатиот пејач Андријана Томаниќ.

-Течеше некоја вода, па ја реновираат гробницата. Сега е близу до Мрка и Шабан. Ние и сакавме да биде на тоа место, но тогаш не можеше. Сега ќе биде сам во гробницата, изјавила Андријана.

За потсетување Џеј почина на 6 декември во 2020 година во 57-мата година од животот. Погребан беше на 11 декември.