Состојки:
500 гр готови кори
500 гр суви сливи
300 гр мелени ореви
250 гр маргарин
750 гр шеќер
600 мл вода
Подготовка:
- Сувите сливи попарете ги во малку вода, затворете и оставете да отстојат. За тоа време стопете маргарин па премачкајте ја првата кора со две лажици стопен маргарин. Поклопете ја кората со друга, па и врз неа ставете маргарин.
- Процедете ги сливите, па дел распоредете по кората и ставете мелени ореви. Редете на следниот начин: кора –сливи-ораси-кора, со тоа што секоја кора ќе ја премачкате со маргарин се додека не ги потрошите сите состојки.
- Баклавата завршете ја со две кори и нив премачкајте ги одозгора. Исечете ја баклавата на коцки додека сеуште е жива па ставете да се пече.
- Додека баклавата се пече сварете шербет. Стопете 750 грама шеќер во 600 милилитри вода. Печената баклава додека уште е жешка залејте ја со шербет и оставете да се олади, а корите да се натопат со сирупот.