Чорба со шампињони и бомбици со кокос и рум се нашиот предлог за денешниот посен ручек.
Потребно:
300 гр шампињони
1 парче праз
2 главици кромид
2 моркови
2 компири
Китка магдонос
500 гр вода
1 лажичка црвен пипер
Сол и бибер
Подготовка:
Кромидот и празот, се сечкаат ситно, морковите се рендаат, компирите се сечкаат на коцки, а шампињоните на четвртинки. Во сад со малку масло за јадење се пржат кромидот и празот,да омекнат ,па се додаваат морковите, компирите и печурките, заедно да пропржат, се става пиперот, водата и на крај зачините . Се вари на тивко со поклопец. Се служи топла.
Десерт со одличен вкус кој лесно се подготвува.
Потребно:
300 гр. маргарин на собна температура.
150 гр прав шеќер
300 гр. кокос
Малку рум
Глазура
150 гр чоколада за готвење
5 лажици масло за јадење
Подготовка:
Маргаринот се остава малку да омекне на собна температура, а потоа пенасто се мати со шеќерот во длабок сад. Се додаваат кокосот и румот . Со рака измесете,оставете во фрижидер околу 10 минути. Потоа правете бомбици, и една по една потопете ги во чоколада стопена на пареа со масло или може да ги извалкавете во чоколадни трошки, кокос, рендана чоколада или мелени ореви.