Повеќе од 15.000 заразени во Србија, 59 лица починале

Коронавирусот во Србија е потврден кај 15.623 лица во последните 24 часа, а во исто време од овој вирус починале 59 пациенти.

Тестирани се 34.132 лица. На респиратори се приклучени 150 пациенти,а бројот на хоспитализирани е 4.071.