Повеќе од 71 милион луѓе се заразени со коронавирусот ширум светот од појавувањето на првиот случај па досега. Околу 50 милиони пациенти се излекувале, а речиси 1,6 милиони починале како резултат на инфекцијата, покажуваат податоците на интернет – страницата „Ворлдометер“.
Во моментов има 20,2 милиони активни случаи во светот, од кои 106 илјади, или 0,5 проценти, се во сериозна или критична состојба.
САД сè уште имаат најголем број смртни случаи и заразени во светот, со повеќе од 16 милиони регистрирани случаи и сонад 300 илјади смртни случаи.
На второ место според бројот на заразени е Индија со 9 милиони случај на коронавирус, а на трето е Бразил со потврдени 6 милиони случаи.
Бразил, сепак, е на второто место во светот според бројот на смртни случаи со 180 437, додека 142 618 смртни случаи се регистрирани во Индија.
Русија и Франција имаат повеќе од два милиони заразени, следат Велика Британија и Италија со над 1,8 милиони заразени и Турција и Шпанија со повеќе од 1,7 милиони заразени.
Аргентина, Колумбија, Германија, Мексико, Полска и Иран исто така имаат повеќе од милион потврдени случаи на коронавирус