Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога и оружје по претходно добиени оперативни информации и добиена судска наредба за претрес во понеделникот извршилеа претрес во дом на 39-гиот А.С. од селото Страчинци, скопско.
При претресот пронајдени се два пиштола, една пушка и три куршума. А.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.