![avgansitan 01](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/avgansitan-01.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин застана во неделата во одбрана на планот на претседателот Џо Бајден во однос на Авганистан, но сугерираше дека американските сили можеби ќе треба да останат и по крајниот рок од 31-ви август, определен од претседателот за крај на евакуацијата.
На прашањето од ABC News дали ќе препорача продолжување на рокот, Остин одговори:
„Ќе продолжиме да ја проценуваме ситуацијата и повторно, ќе работиме колку што можеме повеќе за да извлечеме што е можно повеќе луѓе. И кога ќе се приближиме до тој рок, ќе му дадеме препорака на претседатело“т.
Едно лице информирано за процесот на евакуација рече дека е речиси невозможно луѓето да влезат на аеродромот доколку немаат дипломатска придружба обезбедена од Катар, кој има односи со САД и со талибаните. Катар пренесе илјадници луѓе на аеродромот и ги продолжи своите операции во текот на викендот, откако ги прекина во петокот поради безбедносни проблеми.
Кристијан Нелеман, извршен директор во Рипто-норвешкиот центар за глобални анализи во Норвешка, рече дека талибаните им дозволуваат на граѓаните од западните земји да минат преку контролните пунктови, но ги спречуваат Авганистанците