
Голем пожар избувна во индиската фабрика на Институтот за серум (СИИ), кој е најголем производител на вакцини во светот, но пожарот нема да влијае на производството на вакцини за коронавирусот, пренесуваат индиските медиуми.
СИИ произведува вакцина направена од Универзитетот Оксфорд и „АстраЗенека“ за индискиот пазар и некои други земји, а компанијата исто така се подготвува да направи вакцина развиена од американската компанија „Новавакс“.
Пожарникарите од западно индискиот град Пуне, каде е седиштето на СИИ, изјавија дека на местото на несреќата се испратени пет противпожарни возила.
Засега нема извештаи за жртви или за причините за пожарот.