Вработен во Казнено поправната установа „Затвор Идризово“ вчера во 04.32 часот во СВР Скопје пријавил дека настанал пожар во затворската кујна.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во пожарот со повреди се здобил Ј.Б., вработен во затворот, кој бил пренесен во поликлиника „Ченто“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот.