Позитивен на коронавирус поранешниот фински претседател Ахтисари

Коронавирусната инфекција е потврдена кај поранешниот фински претседател, 82-годишниот Марти Ахтисари, соопшти во вторникот кабинеот, на шефот на финската држава, Саули Ниинисто.

„Кај претседателот Мари Ахтисари беше дијагностицирана коронавирусна инфекција. Заразата беше потврдена во понеделникот 23-ти март. Претседателот Ахтисари во тековните околноси се чувстува добро“, се наведува во соопштението.

Претходно во саботата беше потврдено дека сопругата на поранешниот претседател на Финска, Ева Ахтисари е заразена со коронавирусот. Според телевизијата MTV3, на концерт по повод 8-ми март во Домот на музиката во Хелсинки од коронавриус се заразиле неколку лица. На настанот присуствувале семејството Ахтисарим, како и уште еден поранешен фински претседател Таро Халонен (2000 – 2012 година) со сопругата, како и сопругата на покојниот претседател Мауно Коивисто (1982 – 1994).

Марти Ахтисари беше фински претседател во периодот од 1994 до 2000 година, беше дипломат на Обединетите нации, а за неговата дипломатска кариера во 2008 година стана лауреат на Нобеловата награда за мир.

Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, Кофи Анан, го именувал за специјален пратеник на ОН во преговорите за идниот статус на пораншната јужна српска покраина Косово и Метохија, мандат кој беше проследен со низа контроверзии, меѓу кои и за примање мито.