Позната компанијата што ќе ги обезбеди апаратите за гласање со отпечаток на прст

Денескаод страна на Државната изборна комисија (ДИК) е изврешен изборот на компанијата којашто треба да го набави интегрираниот систем за биометриска индентификација на гласачите, односно уредите за гласање со отпечаток на прстот, што во земјата ќе се применува од локалните избори оваа есен.

Според изворите на НетПрес, станува збор за германската компанија „Дермалог“, а од Државната изборна комисија (ДИК) најавуваат подетални информации во текот на утрешниот ден.

На повторениот тендер за набавка на интергрираниот систем се пријавија четири компании. Идентитетот на гласачите на локалните избори првпат ќе се проверува со терминали за отпечатоци од прсти, што беше предвидено со последните измени на Изборниот законик.

Државната изборна комисија (ДИК) и Општинските изборни комисии денеска започнаа со избор на членови на избирачките одбори за претстојните локални избори. Редоследот на изборот, според информациите од Комисијата, е според големината на општините. Предвидено е изборот на членовите на избирачките одбори да заврши следната недела. Се бираат комплетно нови избрачки одбори бидејќи на старите им истече мандатот.

Државната изборна комисија во јуни објави нов тендер за набавка на апарати за отпечаток од прст кои ќе треба да се користат за претстојните локални избор есенва Во спецификацијата на огласот беше наведено дека се бара интегриран систем за биометриска идентификација на гласачите, а вредноста на набавката изнесува околу 12 милиони евра. Крајниот рок докога требаше да бидат  да се достават понудите е 1-ви јули.

Постапката за набавка на апаратите за отпечаток од прст почна во мај, но претходниот тендер беше поништеноткако од ДИК забележале грешки во спецификацијата. Наместо да се бара фирма што ќе набави апарати за биометриска идентификација на гласачи, се барало електронска идентификација на лица.

По набавката на апаратите за гласање со отпечаток од прст, ќе треба да се изврши обука и да се имплементира опремата. Според процените на ДИК и бројот на гласачки места, ќе се обезбедат околу 4.000 терминали.

Обезбедување апарати за отпечаток од прст за локалните избори беше едно од барањето на ВМРО-ДПМНЕ за кое се договорија Христијан Мицкоски и Зоран Заев на лидерската средба во март.