Пратеничката Ивана Туфегџиќ која е дел од владејачкото мнозинство и стана пратеник како кандидат на СДСМ во вчерашното гостување на Топ Тема на Телма телевизија, изјави дека хомосексуалците треба да склучуваат бракови и да посвојуваат деца.
На прашањето на дали треба да има истополови бракови во Република Македонија, таа изјави дека смета треба да има хомосексуални бракови.
Исто така, на прашањето дали смета дека хомосексуалните двојки треба да посвојуваат деца, пратеничката Ивана Туфегџиќ од СДСМ истакна дека гледа позитивно на сите прашања коишто се отворени за ЛГБТ заедницата, согласувајќи се дека хомосексуалците треба да посвојуваат мали деца
Претходно во понеделникот самонаречениот хуманитарец, ЛГБТ активист, и личен пријател со дел од највисоките функционери на СДСМ, познат како Боки 13, изјави дека сака да посвои три деца.
Боки 13 најави дека ќе поднесе барање до надлежното Министерство за труд и социјална политика, каде што министерка е „неговата пријателка и поддржувач“ Мила Царовска од СДСМ.
Нагласи дека очекува позитивен одговор, затоа што е во добри односи со целото раководство на СДСМ.