Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ со честитка за празникот Успение на Пресвета Богородица

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, во народот познат и како Голема Богородица, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ  упати честитка до сите граѓани на Република Македонија од православна вероисповест.

Во продолжение проследете го интегралниот текст од честитката на пратениците од ВМРО – ДПМНЕ:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија од православна вероисповест им го честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

На овој голем празник православните христијани во Република Македонија го прославуваат денот на големата заштитничка на нашиот народ.  Ова е денот кога се чествува љубовта, мирот и толеранцијата, чистината на човечката душа, мудроста и скромноста, како највисоки духовни вредности на секој човек.

Празнувањето на денешниот ден преставува почитување на делото на мајката Божја кое низ вековите е длабоко вкоренето во нашата традиција и верување и тоа е она кое нè предводи по патот на радоста и светлината и е извор на нашата духовна сила.

Преку овој светол празник да изградиме мир, взаемно почитување и толеранција, да научиме да простуваме и да ги почитуваме највисоките морални вредности, бидејќи тоа е вистинскиот начин кој го осветлува патот до исполнет и спокоен живот на секој од нас.

Нека ни е честит и за многу години големиот христијански празник.