Пред 60 години почина Мерилин Монро- нејзината смрт останува мистерија

На денешен ден во 1962 во Холивуд умрела Мерилин Монро, северноамериканска филмска актерка.

Играла во филмовите „Џунгла на асфалтот”, „Нијагара”, „Мајмунска работа”, „Автобуска станица”, „Седум години верност” и други.

Родена била во Лос Ангелес, на 1 јуни 1926 година.

Таа беше и остана олицетворение на холивудската убавина и гламур, а за многумина ја претставува најубавата жена на светот. И покрај нејзиниот гламурозен живот, Мерлин страдаше од депресија, која на крајот ја уништи. Но, постојат бројни теории на заговор кои тврдат дека познатата ѕвезда била убиена.

Она што е познато е дека била пронајдена во нејзиниот дом, кој го купила шест месеци пред смртта, со телефон во раката и шише со апчиња за спиење на работ од креветот.