Предлагавме мерки во борбата против коронакризата, власта ни ги одбиваше, а потоа задоцнето ги применуваше мерките, тоа не чинеше животи и загубени работни места

На вечерашната дебата на МТВ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со предложените мерки против коронакризата, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ предложуваше мерки уште во февруари месец, но власта брутално ги одбиваше, истото самобендисано однесување не чинеше животи и загубени работни места.

ВМРО-ДПМНЕ предлагаше мерки уште од 26 февруари, предлагаше сет на мерки во делот на здравствената заштита, како и сет на мерки коишто ќе ги опфатат и економијата и бизнисот и реалниот сектор, рече Мицкоски.

Тој истакна исто така дека не само што мерките биле брутално, примитивно одбиени, туку ниту еден предлог на министерот Наќе Чулев не беше сослушан, а камо ли прифатен, ниту се отворила дискусија за предложените мерки од страна на опозицијата.

Мицкоски потенцираше дека брутално беше одбиен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за благајничките записи од НБРМ да бидат дестилизирани, односно да се пуштат во оптег преку државни записи или хартии од вредност, да се вратат во банките за да можат со поволни кредити да ги алоцираат во стопанството, во износ од 24 милијарди денари, но власта брутално го одбила истиот предлог.

За два месеца потоа, Народната банка, претпоставувам под диктат на влладеачкото мнозинство дестилизира отприлика околу 15 милијарди денари од тие благајнички записи, односно тоа се пари кои не ги запишаа како благајнички записи туку им ги вратија на банките и веќе следниот ден ги пласираа на пазарот, вели Мицкоски.

Мицкоски критикуваше дека ваквото самобендисано однесување на власта да се случеше еден месец порано ќе спасеше по некој човечки живот, ќе спасеше по некоја компанија и ќе спасеше по некое работно место. Тој потенцираше дека во целата оваа коронакриза опозицијата се однесувала конструктивно и се обидувала да помогне, затоа што за ВМРО-ДПМНЕ мотив се граѓаните и стопанството, мерките не биле прифатени затоа што власта се грижи само за своите фотељи.