Властите на Република Српска планираат да ѝ предложат на Федерацијата Бсона и Херцеговина потпишување договор според кој овие два ентитета би се претвориле во независни држави, а Босна и Херцеговина, како што е утврдено со Дејтонскиот договор, ќе престане да постои, а овој документ беше испратен до ентитетскиот парламент во Бања Лука на одобрување.
Документот оформен по барање на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, беше вклучен во дневниот ред на седницата на парламентот на Република Срспка којашто започна во вторникот, а доколку биде усвоен, како што се очекува, треба да биде проследен на адресата на владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина со покана за коментар и евентуално потпишување.
Додик го најави усвојувањето на овој документ уште пред еден месец, избегнувајќи го спомнувањето на терминот за отцепување, односно одвојување на Република Српска од Босна и Херцеговина, на што и претходно постојано предупредуваше поради незадоволството од законите што ги носи преттникот за БиХ, Кристијан Шмит чие именување го смета незаконско како и поради незадоволството од обидите некои од ингеренциите на Република Српска да бидат одземени и пренесени на Федерацијата БиХ, а како резултат на тоа дојде под американски и британски санкции.
„Ни не се сепарираме. Се обидуваме да воведеме дијалог“, изјави Додик во средатана седницата на парламентот во Бања Лука, обидувајќи се да ја разјасни изменетата реторика на која прибегна, додавајќи дека босанските Срби имаат право на своја држава, бидејќи, како што тврди, сите други веќе го постигнале тоа право.
Медиумите во БиХ во вторникот првпат ја објавија интегралната содржина на предлогот на Додик, во чиј наслов стои дека станува збор за „договор за регулирање на односите“ меѓу двата актуелни субјекта.
Во него се наведува дека Република Срспка и Федерацијата БиХ „мирно се одвојуваат“ поради неможноста за функционирање на првичниот Дејтонски договор, кој гарантираше еднаквост на двата ентитета и трите конститутивни народи.
По тоа раздружување, како што се наведува, страните потписнички ќе продолжат да функционираат врз основа на своите „државотворни традиции“ кои, според тврдењата од Бања Лука, потекнуваат за Република Српска откако е прогласена во 1992 година, додека на Федерацијата Босна и Херцеговина ѝ се предлага да ја смета својата државност од потпишувањето на Вашингтонскиот договор на 18 март 1994 година.
Според овој договор, двата ентитета меѓусебно би го почитувале суверенитетот и границите и би граделе добрососедски односи и меѓусебно ќе се поддржуваат на нивниот одделен пат кон членство во ЕУ. Тие три години би ја задржале истата валута, монетарна и царинска политика и систем за ДДВ.
Во предложениот договор не се споменува статусот на дистриктот Брчко, кој има статус на независен округ независен од ентитетите и чии административни граници ја пресекуваат територијата на Република Српска на два посебни дела.
Клучните бошњачки политичари, како и претседателот на партијата на Хрватите во БиХ – HDZ BiH, Драган Човиќ, отфрлија секаква дискусија за „мирно раздружување“ штом Додик го навести тоа.
„Апсолутно нема шанси некој да се раздружи во БиХ. Период. Нема уставни предуслови за тоа, и повторно период“, рече претходно Човиќ, додека министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ, му пореча на Додик дека со предлагањето раздружување е „тресе глупости“.
„Додека тие изговараат глупости за обединување на границата, тие ги ‘разружуваат’ граѓаните на ентитетот Република Српска од две милијарди конвертибилни марки што ни висат во воздухот. Тоа, исто така, ќе ги одвои од можноста да го интегрираат пазарот во европски. Ќе ги ‘раздружи’ од инвестициите и растот на платите. А ќе ги задолжи во некоја од банките“, рече Конаковиќ.