Прегазен пешак во Тетово, починал на скопските клиники

Седумдесет и тригодишен пешак тешко повреден во Тетово откако во него удрило возило „рено клио“, но подоцна подлегнал на скопските клиники.

Вчера во 08.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, 35-годишниот  В.А. од Тетово, управувајќи патничко возило „рено клио“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во својот сограѓанин 73-годишниот пешак Ј.К. од Тетово.

Повредениот пешак бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им подлегнал на повредите, велат од МВР

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.