Преглед ЛШ: Реал во последните моменти избегна нов пораз

Во дуелот од второто коло на Групата Б од Лигата на шампионите Борусија Менхенгладбах и Реал Мадрид одиграа 2:2, а „Кралскиот клуб“ до 87 минута губеше до 0:2

Реал во Менхенгладбах одигра уште еден слаб меќ и потврди дека почетниот домашен пораз од украински Шахтјор кој настапи без седум првотимци од 2:3 не е случајност, иако во меѓувреме во „Ел Класико“ на „Камп Ноу“ се радуваше на подарената победа.

Борусија поведе со 2:0 со погодоците на Французинот Маркус Турам во 33 и 58 минута. Зидан во 70 минута во игра ги внесе Лука Модриќ и повратникот Еден Азар, кои ја размрдаа играта на „Кралевите“. Во 87 минута Карим Бензема намали на додавање на Каземиро, а во третата минута од судиското продолжение Каземиро на додавање на капитенот Сергио Рамос израмни и го спаси Реал од нов пораз.

Во истата грипа, донецки Шахтјор кој своите мечеви ги игра во Киев, по победата над Реал успеа да остане непоразен против уште еден фаворит, милански Интер кој сега има два бода од две кола. Иако, се очекуваа многу голови на овој натпревар, тој заврши без погодоци и покрај големата доминација на „Нераѕурите“. Во 17 минута Барела ја погоди стативата, а потоа тоа го сторти и Ромелу Лукаку, но најголемата шанса за Интер не ја реализираше Лаутаро Мартинез кој во 54 минута по ударот на Марсело Брозовиќ ја собра одбената топка но го промаш празниот гол.

 

Во Групата А, актелниот европски шампион минхенски Баерн тешко дојде до победата од 2;1 во Москва над Локомотив. Баварците поведоа во 13 минута кога Леон Горетцка добро следеше нафрлување на Павар и со глава го погоди противничкиот гол. Баерн очекувано доминираше и испушти неколку шанси да го зголеми водството, што според непишаното фудбалско правило му се одмазди во 70 минута кога израмни Антон Миранчук кој излезе сам пред голманот Емануел Ноер. Во 79 минута Мартинез го проигра Кимих кој со силен удар повторно им донесе водство на гостите, кое успеаја да го сочуваат до крајот.

Во оваа група Атлетико Мадрид го победи Салцбург со 3:2, со погодок во финишот на мечот. Атлетико поведе со голот на Љоренте во 29 минута, но денеска одличните Австријци направија пресверт со двата погодока на Собослаи во 40 и Бериша во 47 минута. Младиот Португалец Жоао Феликс израмни во 52 минута, а во 85 минута стана херој на домашните со својот втор погодок на мечот.

 

Во Групата Ц, Манчестер Сити без поголеми проблеми го совлада Олимпик Марсеј со 3:0. Стрелци беа Феран Торез во 15, Илкај Гундоган во 75 и Рахим Стерлинг во 82 минута.

Во вториот меч од оваа група Порто на својот стадион го победи Илимпијакос, со головите на Виера во 11 и Оливеира во 85 минута.

 

Во Групата Д, Аталанта и Ајакс одиграа 2:2, иако гостите по првиот дел имаа сигурно водство. Поорганизираната игра на холандскиот тим резултираше во првиот дел со погодоците на Тадиќ во 30 и Траоре во 38 минута. Сепак, Аталанта се врати во игра во првиот петнаесетина минути од вториот дел, откако двоен стрелец беше Колумбуецот Запата во 54 и 60 минута.

Англискиот шамион Ливерпул се намачи на својот „Енфилд“ против дебитантот во Лигата на шампионите, Мидтјуланд. Одбраната на данскиот претставник попушти диру во 55 минута кога стрелец беше Диого Жота, а Мохамед Салах од пенал во судиското продолжение го постави конечниот резултат.

Сепак, ова неубедливо издание на Ливерул ќе остане запаметено по податокот што погодокот на Жота беше 10.000-от гол во историјата на клубот од „Енфилд“