
Актуелниот шампион на НБА лигата, Денвер Нагетс го направи најголемото изненадување во натпреварите одиграни ноќта кон вторникот откако го победија фаворизираниот тим на Лос Анџелес Клиперс со 113:104, иако играае без најдобриот играч двократниот МВП Никола Јокиќ.
Победата против тимот со четири големи ѕвезди има уште поголема тежина, затоа што Денвер освен без Јокиќ, играа без уште двајца стартери Арон Гордон и Џамал Мари.
Најдобар во тимот на Денвер беше Реџи Џексон кој постигна 35 коша и 13 асистенции против својот претходен тим, а резервниот центар Деандре Џордан имаше 21 поен, 13 скока и пет асистенции. Кај ЛА Клиперс најдобар беше Каваји Ленард со 31 кош и седум скокови, а Ивица Зубац не можеше да му помогне на својот тим иако го заврши натпреварот со „дабл-дабл“, постигнувајќи 23 поени (шут 9-15) и додавајќи 14 скокови, една асистенција и една блокада за нешто повеќе од 32 минути на теренот.
Клучно за победата на Денвер беше колективната игра во која тимот на Денвер оствари дури 28 асистенции. Денвер Нагетс се на третата позиција во западната конференција со 12 победи и шест порази, а тимот на Клиперс е единаесетти со 7 победи и 9 порази, иако се смета за фаворит за шампионската титула откако во бомбастична размена го доведоа плејмејкерот Џејмс Харден.
Филаделфија 76ерс на домашен терен ги победија ЛА Лејкерс со 138:94 и му го нанесоа најтешкиот пораз во кариерата на Леброн Џејмс.
Џоел Ембиид го забележа шестиот „трипл-дабл“ во својата НБА кариера со 30 поени, 11 скока и 11 асистенции, Тајрис Макси постигна 31 поен за четврта победа на Филаделфија во шест натпревари.
Леброн Џејмс постигна 18 поени, а вечерва ќе биде важна за него бидејќи го мина Карим Абдул-Џабар за бројот на одиграни минути во регуларниот дел од сезоната и плеј-офот во историјата на НБА кога ја мина границата од 66.298 минути.
Ентони Дејвис постигна 17 поени и 11 скока, а Д’Анџело Расел имаше 12 поени и седум асистенции за Лејкерси.
Вашингтон Визардс им го приредија на Детроит Пистонс 14-от пораз сезонава, што е најлошиот старт на тимот во сезоната, победувајќи ги на нивен терен со 126:107. Кајл Кузма го предводеше Вашингтон, кој прекина низа од девет порази, со 32 украдени топки, 12 скока и осум асистенции. Кај Детроит најдобар беше Кејд Канингем со 26 поени и седум асистенции.
Портланд Трејл Блејзерс го победија Индијана Пејсерс со 114:110 во Индијанаполис благодарение на Џерами Грант, кој постигна 17 од своите 34 поени во последната четвртина. Малколм Брогдон постигна 24 поени против својот поранешен тим, додека Деандре Ајтон имаше 22 поени и 13 скока за Трејл Блејзерс. Портланд победи по втор пат во три натпревари по серијата од осум порази. Тајрис Халибартон ги предводеше Пејсерси со 33 поени и девет асистенции.
Јута Џез на домашен терен го совладаа Њу Орлеанс Пеликанс со 114;112, а победата ја обезбеди новајлијата Кејонте Џорџ, кој постигна клучна тројка и натпреварот го заврши со 19 поени. Најдобар стрелец кај поразениот тим беше Зион Вилијамсон со 26 поени и седум асистенции.